Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСЕГА ВАКВО НЕШТО НЕ СЕ СЛУЧИЛО: За три месеци имало 30.000 земјотреси

ДОСЕГА ВАКВО НЕШТО НЕ СЕ СЛУЧИЛО: За три месеци имало 30.000 земјотреси

Антарктикот за три месеци го погодиле 30.000 земјотреси.

Повеќе од 30.000 земјотреси го погодиле Антарктикот од крајот на август, според универзитетот на Чиле. Ова претставува скок на сеизмичките активности кој ги интригира научниците кои го проучуваат оддалечениот снежен континент.

Научниците на чилеанскиот универзитетски Национален сеизмолошки центар велат дека мали земјотреси и еден посилен со јачина од 6 степени по Рихтер се регистрирани во теснецот Брансфилд, стотина километри широкиот премин меѓу островите Јужен Шетланд и Антарктичкиот Полуостров. Неколку тектонски плочи и микроплочи се допираат во теснецот што резултира со чести потреси, но изминатите три месеци се невообичаени. Земјотресите станале толку чести што самиот теснец, кој порано се ширел со темпо од 7 до 8 милиметри годишно, а сега се шири 15 сантиметри годишно.

Слично

Поврзани вести