НОТР ДАМ ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОУБАВА: Макрон со ветување, а светот со донации за катедралата
Избраното одговорно лице од францускиот претседател Емануел Макрон за прибирање средства за националното наследство на Франција, Стефан Берн објави дека 880 милиони евра биле собрани досега за реконструкција на катедралата "Нотр Дам", која беше сериозно оштетена при пожарот што избувна во понеделникот вечерта.
Се очекува во текот на денот францускиот претседател Макрон да одржи специјална седница на владата за дискутирање на несреќниот настан, кој се смета од властите како случаен инцидент, а не како подметнат.
Донациите претежно се од локални и американски компании, вклучувајќи ги Kering, LVMH, Total и Apple, како и лични донации од верници во светот.
Макрон вчера изјави дека очекува храмот да биде обновен во рок од пет години за да биде "уште поубав".
Слично
