Економија, финансии, бизнис

Контакт

Досега невиден Пјонгјанг: Фински новинар објави тајни снимки од улиците на Северна Кореја

Досега невиден Пјонгјанг: Фински новинар објави тајни снимки од улиците на Северна Кореја

Фински новинар успеал да прошверцува многу ретки снимки од Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја.

Дописникот од Азија за државната телевизија на Финска и новинската агенција Yle, Мајк Макелаинен бил во Пјонгјанг како би ја покривал прославата на Денот на сонцето, со која се одбележува 105 години од раѓањето на Ким  Il- сунг, основачот на Северна Кореја.

Снимките од прославата се вообичаени и се дел од пропагадата на Северна Кореја. Ова, сепак се снимки од секојдневниот живот во претолнината, кои се направени без знаење на власта.

Општо е познато дека секој странец кој ја посетил оваа земја бил под постојан надзор на водичи, кои внимавале да не се забележи нешто што би можело да и наштети на државата.


На видеото на финскиот новинар се гледаат населби и згради правени во стилот на архитектура на комунистичкиот режим, и голем број на плакати на кои се гледа „Големиот водач“.

Исто така може да се види и Кулата на бесмртноста која е изградена во 1994 година како би се обележала смртта на „вечниот претседател“ Ким Il- сунг.

Исто така, CNN успеал да влезе во станот на просечен жител на Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести