Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСЕГА НЕМАЛО ВАКОВ СЛУЧАЈ: Човек во Кина е заразен со сој на птичји грип

ДОСЕГА НЕМАЛО ВАКОВ СЛУЧАЈ: Човек во Кина е заразен со сој на птичји грип

Варијанта на птичјиот грип првпат e регистрирана кај човек во Кина. 

Станува збор за 41-годишен маж во кинеската провинција Џангсу. Кинеските здравствени власти уверуваат дека ризикот од ширење во големи размери е мал. Човекот од градот Женџјанг отишол во болница на 28 април кога имал висока температура, а еден месец подоцна му бил дијагностициран вирус на птичји грип H10N3. Човекот бил во стабилна состојба за време на престојот во болница и набргу ќе биде пуштен дома. Овој сој на грип е слабо патоген, односно помалку сериозен вид вирус кој се јавува кај живината. 

Слично

Поврзани вести