Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дополнителните трошоци како нов извор на пари за авиокомпаниите

Дополнителните трошоци како нов извор на пари за авиокомпаниите
Aвиокомпаниите заработуваат во просек по 30 долари по патник од дополнителни трошоци. Во некои случаи поединечните такси достигнуваат до 20 % од приходите на авиокомпаниите, покажува едно ново истражување, пишува CNN. Според авторот на студијата, трендот за дополнителни трошоци, кој беше заштитен знак за нискобуџетните компании, веќе е финансиска потреба за авиокомпаниите во целиот свет. Најмногу приходи од дополнителни трошоци за 2012 има United Airlines – 5.4 милијарди долари, на второ место се пласирани Delta со 2,6 милијарди долари. Највисок приход по патник има австралиската Qantas Airways – 56.21 долари по патник.
Слично

Поврзани вести