Дополнителните мерки за штедење ги намали загубите на Air France-KLM
Француско-холандскиот авиопревозник „Air France-KLM“ ја намалил нето-загубата во првите шест месеци од годината, информираат од компанијата.
„Air France-KLM“ соопшти дека во првата половина од годината нето-загубата изнесува 783 милиони евра во однос на загубата од 1.27 милијарди евра во првите шест месеци од 2012-та година.
Во вториот квартал загубата изнесуваше 163 милиони евра во однос на загубата од 897 милиони во истиот период од минатата година.
Компанијата во вториот квартал забележала дури и профит во работењето од 79 милиони евра, по загубата од исто толку во второто тромесечие од 2012-та година.
Од „Air France-KLM“ истакнуваат дека дополнителните мерки за штедење кои ги превземале помогнале тие да се извлечат од минусот.
Компанијата во моментов, поминува низ процес на реструктуирање за да може да се избори со се поголемиот број нискобуџетни авиокомпании и со конкуренцијата од Блискиот Исток и Азија.
Компанијата истакнува дека нејзиниот долг е намален за повеќе од 600 милиони и сега изнесува 5.3 милијарди евра.
Слично
