ДОПОЛНИТЕЛНИ ОГРАНИЧУВАЊА: Во Хрватска стапија на сила нови мерки против ковид
Поради зголемувањето на бројот на заразени во Хрватска, денеска стапија на сила нови мерки кои дополнително ги ограничуваат јавните собири.
Хрватска, забележа повеќе од 7.300 новозаразени со корона во неделата. Поради големиот број, од денеска се на сила нови мерки.
* 44.633 активни случаи
* 1874 луѓе во болници
* Починаа 12.878 луѓе
Забранети се јавни собири и настани на отворено за повеќе од 50 лица (досега 100), а оние со потврди за КОВИД и со согласност од локалниот штаб се ограничени на 200 лица. Јавните собири со повеќе од 25 лица (досега 50) се забранети во затворен простор, а оние со потврди за Ковид се ограничени на 100 лица.
Присуството на 20 лица е можно на приватни собири (30 досега), а исклучени се собири каде секој има потврда за КОВИД, каде што ќе може да има 50 лица.
Нема промени во работата на угостителските објекти, но поинтензивно ќе се контролираат ограничувањата на бројот на гости, одржувањето физичко растојание од 1,5 метар и употребата на маски при седење на маса, како и проветрувањето и чистењето на просториите.
Од денеска бројот на гледачи на спортските натпревари е ограничен, па максимално 20 отсто од трибината ќе може да се пополни во затворен простор, а до 40 отсто на отворено.
Граѓаните мора да користат маски на верски церемонии и уметнички програми, во кина и изложби, како и на седници на претставнички тела, без оглед на тоа што поседуваат сертификат.
Воведена е обврската на работодавачите да ја организираат работата од дома секогаш кога е можно.
фото: Принтскрин видео дневник.хр
