Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доњецк во пламен, најмалку 11 лица загинати во бомбардирањето!

Доњецк во пламен, најмалку 11 лица загинати во бомбардирањето!

Најмалку 11 лица загинаа во бомбардирање на Доњецк, соошптија денеска локалните жители.

Украинската војска со бомбардирањето предизвикала голема штета на градската болница вчера вечерта, пренесува Итар-Тасс.

Украински воен авион го надлетува Доњецк уште рано утрово, а очевидсци тврдат дека доставил некоја пртака на украинските сили за безбедност, кои се блокирани на подрачјето на аеродоромот.

Во текот на ноќта, украинската војска бомбардирала стамбени згради во две градски области, а една граната погодила и училиште и канцеларија на матичар.

Во Доњецк е отежнато функционирањето на комуникационите мрежи како и снабдувањето со вода во некои области.

Жителите очекуваат нови воздушни удари во текот на денот, бидејќи украинската војска изведува жестоки напади за време на православни празници, а денеска е Успение на Пресвета Богородица, наведува руската агенција.

Слично

Поврзани вести