Доњецк: Милијарда долари за опоравување
Властите во Киев наведуваат дека од почетокот на судирите во Донбас се уништени околу 600 фирми, и дека за надокнадување на штетата ќе бидат потребни десетина милијарди долари.
Претседателот на Државната фискална служба на Украина Игор Билоус прецизира дека 396 компании се уништени во Доњецката област, а околу 200 компании во Луганската област.
„Тоа се компании кои е невозможно брзо да се обноват. Се работи за физичко уништување“, објаснува тој.
Огромна е и материјалната штета на инфраструктурата на компаниите направена за време на борбените дејствија, бидејќи се работи за голем индустриски регион.
За да се надокнади штетата ќе бидат потребни десетина милијарда долари, соопштил Игор Билоус , пренесуваат локални медиуми.
