Доњецк бара руски трупи да го одржуваат мирот и стабилноста
Градоначалникот на Славјанск Вјачеслав Пономарјов изјави дека на Доњецката област и се потребни руски трупи за да се одржува мирот и безбедноста.
Граѓаните на областа Доњецк, во која се наоѓа и Славјанск, вчера на референндум се изјаснија за отцепување од Украина. „Доњецката Народна Република“ се прогласи за суверена држава и побара од Москва приклучување кон Руската Федерација, јавуваат руските медиуми.
Пономарјов ги нарекува украинските трупи „окупатори“ и бара од нив да ја напуштат областа. „Тие мора да заминат. Ние ќе ја браниме нашата територија“, изјавил Пономарјов, но на прашање дали ќе им биде потребна помош додал: „Јас ја поддржувам таа идеја. Потребни ни се руски сили да ја одржуваат стабилноста и мирниот живот на регионот во иднина“.
Според резултатите од изборните комисии на вчера спроведените референдуми во источните украински области, во Славјанск дури 97,5% од гласачите се изјасниле за отцепување од Украина.
Слично
