“Донгфенг“ влегува во “Пежо“
Кинескиот производител на возила “Донгфенг“ планира да вложи 1,2 милијарди евра во француската компанија “Пежо-Цитроен“ (ПСА), со што ќе се стекне со 30 отсто сопственост над капиталот, пишува кинескиот дневен весник Чајна бизнис њуз.
Ова партнерство може да биде последица на двоумењето на Џенерал Моторс да “ја разбуди“ соработката со француската компанија во чија сопственост учествува со седум отсто, пренесе француски Капитал.
Од компанијата ПСА потврдиле дека во тек се преговори со некои партнери од Кина, но не навеле повеќе детали.
Слично
