ДОЊЕЦК: Украинските сили напаѓаат, жестоки борби во тек
Во регионот на Дебаљцово се водат жестоки борби, соопштуваат проруските активисти во Доњецката Народна Република.
-Припадници на силите за безбедност во текот на последните 24 часа се обиделе да ги нападнат позициите на проруските активисти, воглавно околу доњецкиот аеродром, Горловка и Дебаљцово - изјавил министерот за одбрана на ДНР Едуард Басурин.
Во текот на денот загинале седум проруски активисти, а 41 се повредени, пренесува „Гласот на Русија“.
Според податоците на властите на ДНР денеска загинале 11 граѓани, а 27 се повредени.
Слично
