Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Донбас е Нова Русија“: Русите со концерт во Москва ја слават годишнината од анексијата на украинските територии

„Донбас е Нова Русија“: Русите со концерт во Москва ја слават годишнината од анексијата на украинските територии

Русија со концерт во Москва ја слави годишнината од анексијата на четири региони на Украина.

Неколку илјади луѓе се собраа на Црвениот плоштад за да ја прослават првата годишнина од анексијата на четири региони на Украина.

Луѓето носеа руски знамиња, а на концертната сцена беше поставен слоганот „Една нација, едно семејство, една Русија“, како и натписот „Донбас е Нова Русија“.

На крајот на септември 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша документи за ратификација на анексијата на украинските региони Доњецк и Луганск (источно), како и Запорожје и Керсон (југ).

Набргу потоа, Путин зборуваше на свечен концерт на Црвениот плоштад, изјавувајќи им на жителите на тие територии дека се „добредојдени дома“.

Тогаш Путин рече дека тие територии се „вратени во нивната историска татковина“.

Припојувањето на украинската територија кон Русија предизвика остри осуди од украинските власти и нивните западни поддржувачи, кои сметаат дека анексијата е нелегална.

„Пред точно една година победи историската правда. Руските територии се приклучија на Русија. Русија не го напушта својот народ. Ние сме една иста земја“, рече водителот на прославата пред концертот.

Повеќе руски естрадни уметници настапуваа во окупираните украински територии. Тие држеа концерти во Мариупол и во Луганск. Сепак, Русија нема целосна контрола на териториите.  Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. 

Слично

Поврзани вести