Економија, финансии, бизнис

Контакт

Донаторите ветија речиси 2.5 милијарди долари за Сирија

Донаторите ветија речиси 2.5 милијарди долари за Сирија
Вкупно 2,4 милијарди американски долари за жртвите од конфликтот во Сирија ветија дека ќе соберат учесниците на донаторската конференција што се одржа денеска во Кувајт. Најголема донација од околу половина милијарда долари вети Кувајт, а потоа следуваат САД со околу 380 милиони долари. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун пред одржувањето на конференцијата рече дека треба да се биде „великодушен“ и укажа дека ОН се соочуваат со сериозни финансиски проблеми во работата во Сирија. „Хуманитарна помош им е неопходна на речиси 9,3 милиони луѓе“, изјави Бан, според кого особено вознемирувачки се извештаите за глад во земјата. ОН претходно апелираа до меѓународната заедница за поголема помош за Сирија, надевајќи се дека ќе соберат 6,5 милијарди долари во текот на годинава. На првата донаторска конференција за Сирија пред една година, во Кувајт беа собрани 1,5 милијарди долари, но досега од ветените пари се пристигнати само 75%.
Слично

Поврзани вести