Доналд Туск: Европа зависи од германскиот пристап кон бегалците
Иднината на Европа во голема мера зависи од германскиот пристап кон миграциската криза. Во таа смисла другите земји исто така треба да покажат малку солидарност за заедничко справување со овој историски предизвик, изјавил претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Европа се бори со најтешката бегалска криза по Втората светска војна, а Германија досега веќе има усвоено поголем дел од околу еден милион луѓе кои се очекува да пристигнат оваа година.
Додека Туск на неколку пати ја истакнал итноста на заострување на границите на Европа, германската канцеларка Ангела Меркел ги повика земјите да покажат солидарност и споделување на одговорностите поврзани со бегалците.
Меркел првично беше поздравена во земјата и во странство за гостопримливиот пристап кон бегалците, многу од кои бегаат од конфликтот во Блискиот Исток. Но, бидејќи протокот продолжува, а германските логори се веќе пополнети до крајни граници, канцеларката беше подложена на зголемена критика.
Говорејќи во Берлин по повод 26 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, Туск ја опиша Германија и лично Меркел како промотер за европските вредности.
„Оние кои веруваат дека Германија е премногу отворена, премногу толерантна, премногу либерална, заборавија да си ја напишат домашната за нашата трагична приказна“, изјавил Туск, кој е поранешен полски премиер.
„Сакате една Германија, која е отворена, толерантна, сочувствителна, пријатна на послабите и посиромашните, со други зборови - „Германија на Ангела Меркел“, или Германија, која е затворена, ладна и безмилосна? Има само еден одговор“, додал тој.
Затоа и други европски држави веќе мора да покажат солидарност кон Германија „во овие тешки и времиња на тестирање“, додал тој.
Германија, од друга страна, треба да се разбере дека е одговорна не само за „вашата морална порака“, туку и за целата политичка заедница од Европејците, додал Туск.
Тој го повика Берлин да емитува силно лидерство, со што ќе помогне да се обезбедат надворешните граници на Европа и Европа да се заштити од порастот на радикалниот популизам.
„Всушност тоа дали Европа ќе преживее како континент на слободата, владеењето на правото, почитувањето на поединецот, како и безбедноста на неговите жителите, ќе зависи во голема мера од Германците“.
Туск повика за „промена“ на сегашната европска имиграциска политика, предупредувајќи дека европската Шенген зона за патување без пасоши е во ризик ако надворешните граници не бидат засилени.
