Доналд Трамп во трка за Нобелова награда за мир?
Американскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп наводно е номиниран за Нобелова награда за мир оваа година, пишува Newsweek.
Републиканскиот кандидат, кој предизвика бурни реакции во светот, откако предложи на сите муслимани да им се забрани влез во САД, доби голема поддршка од јавноста.
Голем број на луѓе се согласија со неговата тврда политика во однос на тероризмот и безбедносните закани.
Во писмото во кое го номинирале, фановите на Трамп велат дека тој тоа го заслужува затоа што се залага за мир преку зајакнување на идеологијата против радикалните исламисти.
Инаку, номинација за Нобелова награда може да се даде со потписи од илјада луѓе.
Слично
