Доналд Трамп со нова контроверзна изјава
"Подготвен сум го погледнам секое сириско дете во очи и да му кажам: Не, не можеш да дојдеш во Америка.” – ова е дел од говорот на американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, на собирот пред почетокот на гласањето во Њу Хемшир.
Републиканецот уште еднаш го повтори својот став за бегалската криза, нарекувајќи ги „тројански коњ од кој излегуваат терористи” и за кои нема место во Америка.
„Тие деца се невини, но ние не знаеме од каде се нивните родители. Се појавуваат без документи...како ние да знаеме дека не се од Исламската држава? Тоа е тројански коњ за кој нема место во Америка"- дециден е Трамп, додека публиката го пооддржува со аплауз.
Иако неговите контраверзни изјави ја разбранија јавноста и предизвикаа бура од реакции, сепак тој е најпопуларниот републиканец, а во Њу Хемпшир има речиси двојно повеќе поддршка од првиот конкурент Марк Рубио.
На изборите во Њу Хемшир кај Републиканците победи мултимилионерот Доналд Трамп, а кај Демократите сенаторот Берни Сендерс.
