Доналд Трамп се „стопи“: Голема чест е да се доби комплимент од Путин!
Претендентот за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД Доналд Трамп изјавил дека е почестен поради комплиментите кои му ги упати рускиот претседател Владимир Путин.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/677720428769632256?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Секогаш е голема чест да се добие убав комплимент од човек кој е исклучително почитуван и во својата земја и во странство“, рекол Трамп во текот на митингот во Охајо.
Трамп навел дека секогаш се залагал за подобри односи на САД со Русија.
„Секогаш верував дека Русија и САД треба заедно да се борат против тероризмот и да влијаат на опоравување на мирот во светот, да не ја споменувам трговијата и сите други бенефиции кои произлегуваат од заемното почитување“, рекол Трамп.
Путин вчера на годишната конференција за новинари говореше за претстојните избори во САД, нарекувајќи го Доналд Трамп за „бистар човек полн со талент, кој е неспорен фаворит во претседателската трка“. Претседателот на Русија ги поздрави изјавите на Трамп дека сака подлабоки односи со Русија.
„Тој е многу впечатлив човек, многу талентиран, нема сомнение во тоа. Апсолутен лидер во претседателската трка, како што можеме да видиме и овие денови“, рекол Путин.
„Трамп вели дека сака односите да ги префрли на второ ниво, на подлабоко ниво на односи со Русија. Како можете тоа да не го поздравите? Секако, ние тоа го поздравуваме“, додал Путин.
