Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доналд Трамп раскажа како се чувствувал во болница

Доналд Трамп раскажа како се чувствувал во болница

Претседателот на САД, Доналд Трамп го даде првото телевизиско интервју откако на 1. октомври му е дијагностициран коронавирус. 

Трамп се појави вчера вечер на Фокс Њуз, каде изјави дека се чувствува добро.

Тој повторно е тестиран и е негативен или речиси негативен. Додаде дека не знае кога му е следното тестирање.

На прашањето како се чувствувал во болница кажа дека бил уморен и дека ја немал енергијата која обично ја има. 

„Сакаа да ме остават на надгледување, но јас сакав да си отидам уште првиот ден“, рече Трамп. 

Вели дека мисли дека е многу важно тоа што рано дознал дека е заразен.

Претседателот на САД рече дека ова е многу заразна болест, и дека не знае каде се заразил. 

Трамп ги соопшти неговите планови за продолжување на кампањата за претседателските избори. Најпрвин денеска ќе се одржи настан во Белата куќа, а потоа ќе следи митинг во Флорида на 12 октомври.

Во светот има над 37.1 милиони заразени. 

Слично

Поврзани вести