Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доналд Трамп по нападот во Лувр - Америко опамети се

Доналд Трамп по нападот во Лувр - Америко опамети се

Американскиот претседател Доналд Трамп денешниот спречен терористички напад во музејот Лувр во Париз го искористи за својата политичка агенда со која сака да спречи влез на бегалци од Блискиот исток како и мигранти од загрозените земји се додека не се најде нов начин како тие да бидат проверени целосно од безбедносните служби.

По нападот во Лувр Трамп на Твитер порача: Америко опамети се потсетувајќи дека туристите биле евакуирани, а Франција е повторно на работ.

Денеска војниците кои го обезбедувале туристичкиот комплекс околу Лувр забележале маж со торби кој сака да се пробие и откако побарале да го легитимираат тој извикал „Алах е голем“, извадил големо сечило и нападнал еден од војниците кој има помали повреди на главата. 

Потоа војник отворил оган и тешко го ранил во стомакот. Напаѓачот е приведен, а анти-терористичките единици покрена голема истрага.


Слично

Поврзани вести