Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доналд Трамп омилен кај Американците

Доналд Трамп омилен кај Американците

И покрај неговите контраверзни изјави и агресивната негативна кампања која се води против него, рејтингот на американскиот претседателски кандидат Донланд Трамп постојано расте.

Во моментов тој има предност пред неговите ривали од партијата, но исто така и во однос на кандидатката на Демократите- Хирали Клинтон, покажува најновото истражување на каналот „Fox2”.

Анкетата за сојузната држава Мичиген покажала дека Доналд Трамп има три пати поголема поддршка од следниот на листата на Републиканската партија, сенаторот Тед Круз, со 51% од гласовите во однос на 15% колку што има Круз.

Освен тоа, тој има 47% поддршка, додека Клинтон има 43%.

Трамп е во водство меѓу Републиканците кои претендираат да се кандидираат за претседател на САД, што ја потврдува и неодамна спроведената анкета на CNN.

Според тие резултати Трамп ужива популарност кај 41% од гласачите, додека 19% од нив се повеќе наклонети кон Круз, а повеќе од две третини од Републиканците се убедени дека Трамп ќе биде избран за нивен кандидат.

Анкетите покажаа дека рејтингот на Трамп расте и покрај неговите контраверзните ставови за справување со бегалската криза. Трамп неодмна предложи на сите муслимани да им се забрани влез во САД.

Слично

Поврзани вести