Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доналд Трамп ќе се кандидира за претседател на САД

Доналд Трамп ќе се кандидира за претседател на САД

Еден од најпопуларните американски милијардери - Доналд Трамп, најавил дека ќе се кандидира за претседател на САД со ветувањето да ја направи земјата повторно „голема“.

„Официјално се кандидирам за претседател на САД и ќе се обидам да ја направам нашата држава повторно голема“, изјавил Трамп.

Познат како „непредвидлива карта“ 69-годишниот Трамп, е уште еден кандидат за трката, кој во оваа кампања се радува на многубројно учество.

Критикувајќи ја надворешна и економска политика на Вашингтон, Трамп изразил неодобрување во односот на политичарите во земјата и ветил дека ќе се справи со „падот на САД“. „Кога беше последен пат, во кој, да речеме, ја победивме Кина во комерцијална трансакција? Тие не убиваат.“, изајвил тој додавајќи дека земјата има сериозни проблеми, бидејќи „веќе немаме победи“.

Бизнисменот, чие богатство се пресметува од „Форбс“ на 4,1 милијарди долари, изјавил дека земјата станала „депонија за проблемите на сите“.

Слично

Поврзани вести