Доналд Трамп ја повика Тереза Меј да не се занимава со него, туку со исламот
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика премиерката на Велика Британија Тереза Меј да се фокусира на радикалниот исламски тероризам во Велика Британија, откако таа го критикуваше дека споделува на Twitter антимуслимански позиции.
„Тереза, не се фокусирај на мене, фокусирај се на деструктивниот радикален исламски тероризам во Велика Британија. Ние сме добро“, напишал Трамп во свој пост на социјалната мрежа.
Потсетуваме дека американскиот претседател постираше вчера на социјалната мрежа три антимуслимански видеа на две од кои се гледа насилство извршено од момчиња од муслимански потекло. Тој не објаснува зошто ги објавил видеата.
„Претседателот на САД погрешил, споделувајќи на Twitter видеа објавени од шефицата на крајнодесничарската формација „Велика Британија на прво место“ Џејда Франсон“, изјави вчера на прес-конференција портпаролот на Тереза Меј.
Џејда Франсон беше прогласена за виновна во ноември 2016 година под обвинение за малтретирање на верска основа, откако нападнала жена која носела хиџаб, пред очите на нејзините четири деца.
