Економија, финансии, бизнис

Контакт

Донaлд Трамп губи во Ајова, Хилари Клинтон води доста неубедливо

Донaлд Трамп губи во Ајова, Хилари Клинтон води доста неубедливо

Сенаторот од Тексас Том Круз добива најголема поддршка на собранијата на активисти на Републиканската партија, кои се одржуваат во американската сојузна држава Ајова. Така тој го победи фаворитот Доналд Трамп, но всушност никој од двајцата не се смета за фаворит предвид претстојните прелиминарни избори во другите држави.

Како што објавија организаторите во моментов се изброени 98% од гласовите на избирачите републиканци.

Според прелиминарните резултати Круз има 27,7% од гласовите на сопартијците, а Доналд Трамп - 23,4%. На трето место останува сенаторот од Флорида Марко Рубио со 21,1% од гласовите. Токму неговиот резултат сепак се зголемува и според оценка на Нова телевизија тој изгледа како фаворит за конечната кандидатура на Републиканската партија по внатрепартиските избори во сите Држави.

Трамп не му помогна и екстравагантната акција. Тој предложи да се изгради во Белата куќа нова сала за спроведување на приеми - за 100 милиони долари, пренесесоа агенциите.

Кај демократите се изброени веќе близу 90%. При тоа од нив станува јасно дека поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон има околу 50% од гласовите на сопартијците, а сенаторот од државата Вермонт Берни Сандерс ја стигна и резултатот му се движи близу до 50%.

Во Ајова започнува првата фаза од процесот на внатрепартиските избори - партиските собранија (caucuses). На партиските собранија избирачите ги определуваат нивните претставници постепено - по места се избираат делегати за следната изборна фаза - окружните партиски собири на кои се избираат делегатите за регионалните собранија и за државните конференции. На државните конференции се избираат делегатите за националните партиски конгреси. На внатрепартиските избори и на партиските собири се одредува кој од кандидатите за претседател ќе биде поддржан од дадената држава на националниот конгрес на партијата.

Слично

Поврзани вести