Доналд Трамп Џуниор се разведува
Доналд Трамп Џуниор, синот на Доналд Трамп, според најновите информации се разведува. Неговата сопруга Ванеса поднела документи за спогодбен развод без правна битка за старателство над децата и поделба на имотот пред судот.
Брачниот пар подолго време имал проблеми, а во последно време живееле целосно одвоено. Минатиот месец Ванеса Трамп беше хоспитализирана откако провокатор и испратил писмо со непозната бела прашкаскта материја за која потоа е утврдено дека не е отровна.
Трамп Џуниор откако неговиот татко стана претседател на САД целосно ја презеде компанијата наречена Трамп Организација која се занимава со голем број на бизнисни, од недвижности до продавање на алкохолни пијалоци и пред се брендирање на секаков можен производ или објект со името ТРАМП.
Тие се во брак 12 години, а имаат пет малолетни деца. Во заедничката изјава стои дека и натаму имаат голема почит еден кон друг, а сега им е потребна приватност.
Трамп Џуниор е под истрага на Специјалниот јавен обвинител на САД за организирање на состанок со руски официјални лица и за можна поврзаност со руските служби намерно или не за добивање на информациии за наводни скандали на Хилари Клинтон во текот на кампањата.
Синот на Трамп исто така често се појавува на политички митинзи на Републиканската партија, како и на митинзи на неговиот татко, а има остварено и средба со индискиот премиер Наренда Моди што беше жестоко критикувано од политичката јавност во САД.
Следен кој може да се разведе е и самиот Доналд Трамп по скандалот со порно ѕвездата Сторми Дениелс која тврди дека имале љубовна афера во 2006 година, а потоа и било платено 130.000 долари за да молчи.
