Доналд Трамп бара привремена забрана за влез на муслимани во САД
Претседателот за кандидатурата на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп предложил денеска да се воведе тотална забрана за влез на муслимани во САД, која би требало да е на сила додека Конгресот не се изјасни за тоа.
Трамп во своето соопштение навел дека анкета од јавното мислење укажува на омраза на муслиманите спрема Американците, што би можело да резултира со нови напади.
„Без разлика на анкетата, на сите им е очигледно дека омразата е несфатлива. Од каде толкава омраза и зашто, тоа мораме да го утврдиме“, додал Трамп, пренесоа агенциите.
Според неговите зборови, додека тука не се работи и не се сфати проблемот и опаснсота која ја представува таа закана САД може да биде „жртва на ужасни напади на луѓе кои единствено веруваат во џихад и немаат чуство, ниту почит на човечкиот живот“.
