Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домино ефект во Италија, потресите можат да продолжат уште 1-2 месеци

Домино ефект во Италија, потресите можат да продолжат уште 1-2 месеци

Потресите во Италија продолжуваат. Последниот беше синоќа во 20 часот по локално време. 

Научниците велат дека тоа е нешто како домино ефект - секој поголем потрес предизвикува серија од други. Предупредуваат дека тие ќе продолжат уште 1-2 месеци и дека ќе има и други силни земјотреси од 5 степени според Рихтеровата скала.

Луѓето во најпогодените села се евакуирани. Италијанските власти бараат настраданите да отидат во хотел, за да не се чувствуваат напуштени и дури се подготвени хотелските структури да ги прифатат во текот на целиот зимски период. 

Патиштата се затворени, училиштата - исто, нема струја, нема вода.

Во Рим и во други големи градови, исто така има сериозни разурнувања, но во моментов целото внимание е насочено кон епицентарот во село Норча. Нема човечки жртви, но илјадници луѓе останаа без домови.

Земјотресот вчера беше најсилен и неколку пати појак од претходните. 

Слично

Поврзани вести