Домино ефект: Украинка бара Русија да го промени името
Изгледа дека договорот меѓу Македонија и Грција за промена на името веќе почнува да служи како пример за други земји, а во конкретниот случај станува збор за украинската писателка за деца Лариса Ницој, која даде предлог Русија да се преименува во Московија, бидејќи според неа коренот „рус“ е украден од Украинците.
Таа смета дека Русите изворно се нарекувале Московити, а царицата Катарина Втора издала декрет со кој сите кои така се нарекувале биле казнувани.
Неофицијално, Русија на ваквиот предлог возврати со тврдење дека тоа било Киевска Русија и дека Украинците го украле Киев од нив. Леонид Калашников, пратеник во Државната дума изјави: „Ваквите псевдо – историски екскурзии се огледало на ситуацијата во која се наоѓа Украина во моментов“.
