Долниот дом на американскиот Конгрес усвои закон за ограничување на активностите на НСА
Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои закон за прекин на активностите на Агенцијата за национална безбедност (НСА) за масовно собирање на податоци за телефонски разговори на американски граѓани.
Одлуката на долниот дом на американскиот парламент е одговор на револтот, што настана по откривањето на активностите на НСА од страна на нејзиниот поранешен соработник Едвард Сноуден.
Останува законот да биде одобрен во Сенатот.
Сепак, активистите за човекови права и технолошките компании сметаат дека донесената одлука не е доволна.
Одлуката предвидува телекомуникациските компании да ги чуваат податоците до 18 месеци и дозволува НСА да истражува врски со терористички заговори во странство, ако за тоа има судска одлука.
