Долгот на САД за еден ден се зголеми за фантастични 328 милијарди долари
Долгот на САД за само еден ден се зголеми за неверојатни 328 милијарди долари, со што според податоците на американското Министерство за финансии, достигна вкупно 17,075 билиони долари.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, причина за ова драстично зголемување на долгот е тоа што Министерсвото не го пресметуваше новото ниво на задолжување уште од мај годинава, кога САД првпат го достигнаа законскиот лимит од 16,7 билиони долари долг.
По договорот, постигнат во средата вечер во Конгресот, со кој долгот да може непречено да се зголемува до почетокот на февруари, Министрството за финансии ги објави новите бројки, за целиот долг кој бил акумулиран во периодот од мај до октомври.
Доколку продолжи ова темпо на задолжување, долгот ќе порасне до 17,4 билиони долари до февруари, кога американските конгресмени повторно ќе се соочат со ограничувања на долгот.
Слично
