Економија, финансии, бизнис

Контакт

Долга е листата на забранети книги во американските училишта и библиотеки

Долга е листата на забранети книги во американските училишта и библиотеки

Расте бројот на забранети книги во американските училишта и библиотеки.

Како што пишува Фајненшл Тајмс, културните војни таму вршат зголемен притисок врз децата, воспитувачите и издавачите.

„Забележано е зголемување на активноста на родителите, лобистичките организации и политичарите кои го користат своето влијание за да забранат одредени книги за кои сметаат дека се несоодветни за помладите читатели“, велат од Американската библиотечна асоцијација и ПЕН Америка.

Најнов пример за таква забрана е законодавството во државата Мисури кое влијаеше на книгите за Леонардо да Винчи и Микеланџело, како и на илустрираните верзии на Библијата и делата на Шекспир. Велат дека ова е цензурирање на книги. 

„Едноставно нема крај. Очекуваме рекорд оваа година”, изјави Дебра Колдвол-Стоун, директорка на Канцеларијата за интелектуална слобода при Американската библиотечна асоцијација.

Забраните често се против содржини за кои се тврди дека имаат сексуална природа. Под ударите на цензурата потпаѓаат и мемоарите, кои раскажуваат за конфронтацијата на црните деца со расизмот и животот на претставниците на верските малцинства.

Американската библиотечна асоцијација објави дека лани регистрирала 729 обиди за воведување забрани за скоро 1.600 дела. Годинава обидите се 800 и се насочени против 1.651 наслов.

Поради војната во Украина одредени земји воведоа рестрикции за руската литература. Имаше и повици наместо руска, граѓаните да читаат украинска литература.

Слично

Поврзани вести