Доларот „живее подолго“ од кога и да е
Доларот повеќе можеби не стои најдобро на светските пазари, но затоа може да се поафли со фактот дека во последните две децении парите станале долготрајни. Како што соопшти Фед, во однос на скромниот 18-месечен животен век на парите од 1990 година, „зелените“ денеска живеат дури за 289 отсто подолго - 70 месеци.
Всушност причината не е само квалитетот на печатењето, туку и фактот што Фед неспоредливо ретко мора да уништува пари откако го унапреди својот систем за сортирање.
Како што пренесува „Кварц“, Фед некогаш уништувал голем број на употребливи книжни пари од еден долар бидејќи портретот не им бил на горната страна, што ги збунувало машините и скенерите на Фед за брзо сортирање.
Слично
