Економија, финансии, бизнис

Контакт

Докторот од документарецот PANDEMIC на NETFLIX: Развивме лек од антитела на САРС

Докторот од документарецот PANDEMIC на NETFLIX: Развивме лек од антитела на САРС

Поради фактот дека во светот бројот на заразени со КОВИД-19 достигнува 1,5 милиони, а веќе речиси 90. 000 луѓе починаа, побарувачката за некаков вид третман, односно лекување со кое би се намалила распространетоста и сериозноста на вирусот е огромна.

Група на компјутерски имуно-инженери во Сан Франциско од Distributer Bio сметаат дека пронашле можен третман со помош на пет антитела од коронавирусот на САРС кои потенцијално би го „блокирале и би го стопирале“новиот вирус со едноставна инјекција. За ова зборуваше д-р Jaкоб Глeнвил во програмата „ Checkpoint “ на  Радио Нов Зеланд.

Гленвил е претседател, извршен директор и ко-основач на Distributer Bio, но и истакнат истражувач во документарецот Pandemic на Netflix. Тој вели дека благодарение на претходните истражувања на антитела од САРС, заштедени им се години труд, бидејќи на тие откритија можат целесно да се потпрат.

Во радио-емисијата, Гленвил вели: -Среќен сум што можам да објавам дека мојот тим успешно зема пет антитела кои уште во 2002 година успешно го неутрализираа, блокираа и стопираа вирусот САРС. Ние ги доразвивме во нашата лабораторија, така што сега тие многу енергично го блокираат и стопираат и вирусот САРС-КоВ-2 (СОВИД-19).

Начинот на кој ова би функционирало, вели Глевил, е доколку се поминат неколку различни фази на тестирање. Заразените пациенти би можеле да добијат инјекции на антитела и во рок од 20 минути третманот би започнал да функционира во борбата против вирусот.

„Тоа е како краткорочна вакцина, освен што делува веднаш“, рече тој. За вакцината би биле потребни од шест до осум недели, но ова ќе дејствува во рок од 20 минути ... и потоа по 20 минути од инјектирањето, антителата ќе го опкружат и ќе се налепат на вирусот, така што пациентот повеќе нема да биде заразен.

Може да го примат оние кои се со висок ризик за да не се разболат, како што се здравствени работници или постари лица. Но, сепак, мора да се напомене дека антителата даваат имунитет осум до 10 недели, па може да бидат потребни повеќе дози.

Целта на Гланвил и неговиот тим е да го направат овој третман достапен за сите ширум светот, нагласувајќи дека владите треба да инвестират, односно да платат за тоа.

Според него, лекувањето со антитела би можело да биде пуштено во употреба најрано во септември, но според Клиниката Мајо,  пациентите мора да исполнуваат одредени критериуми.

„Ние правиме се што можеме за да го забрзаме овој процес, но свесно ќе кажам дека за ова треба време, изјави Гленвил. 


Слично

Поврзани вести