ДОКТОРКА СЕ САМОУБИ ПОРАДИ ЗАКАНИ ОД АНТИВАКСЕРИ - остави проштална порака, телото е пронајдено во нејзината ординација во Горна Австрија
Австриските политичари апелираа за национално единство откако д-р Лиза-Марија Келермаер, соочена со смртни закани од активисти за антивакцинација и теоретичари на заговор за пандемијата на коронавирус, си го одзеде животот.
- Да ставиме крај на ова заплашување и ширење страв. Омразата и нетрпеливоста немаат место во Австрија. Некои луѓе ја заплашувале докторката и и се заканувале, прво преку Интернет, а потоа и лично - изјави претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен.
Збогувајќи се со д-р Келермаер, претседателот Ван дер Белен рече дека како лекар се залагала за лекување на луѓето, заштита од болести и внимателен пристап кон пандемијата, но тоа, според него, налутило некои луѓе, пренесува Ројтерс.
Телото на докторката, која често даваше интервјуа за борбата против пандемијата на корона вирусот и промовирањето на вакцинацијата, беше пронајдено вчера во нејзината канцеларија во Горна Австрија.
Австриските медиуми го цитираат обвинителството дека е пронајдена проштална белешка од д-р Келемаер и дека не е планирана обдукција.
