Докторка моменти пред да се породи помогнала во породување на друга жена
Докторката Аманда Хес од Кентаки, САД која чекала во болницата да се породи слушнала од соседната просторија како една бремена жена има проблеми при породувањето, а нејзиниот гинеколог доцнел. Хес воопшто не се двоумела и побрзала кај сестрите да и помогне на пациентката која била во невоља.

- Не размислував на ништо друго во тој момент освен да помогнам. Станав од мојот кревет, наметнав нешто да облечам и побрзав во салата. Такви сме ние докторите кои се грижиме за жените и бебињата, секогаш пациентите ни се во преден план, дури и кога самите ние сме пациенти, вели доктор Хес која со овој потег ја воодушеви јавноста.
За среќа се завршило добро и за двете жени. Хес потоа ја донела на свет нејзината ќерка Елен Џојс која е здрава и породувањето поминало без никакви проблеми.
