ДОКТОРКА БРУТАЛНО СИЛУВАНА И УБИЕНА НА РАБОТНОТО МЕСТО, ВО КЛИНИКАТА ВО КАЛКУТА: Индиските лекари штрајкуваат
Индиските лекари стапија
во 24-часовен штрајк во знак на протест поради бруталното силување и убиство на
доктотрката во источниот град Калкута.
За време на штрајкот, кој започна во шест часот по локално време, ќе се вршат само итни процедури, соопштија од лекарската комора на Индија.
Силуван и убиен во клиника
Докторката (31) била силувана и убиена минатата недела во просториите на медицинската клиника и универзитет во Калкута каде што работела, што предизвика протести на лекарите ширум земјата и потсети на групното силување и убиство на 23-годишна студентка во автобус во Њу Делхи во 2012 година.
Гневот што строгите закони не доведоа до намалување на насилството врз жените ги поттикна демонстрациите на лекарите и женските здруженија.
„Жените се мнозинство во нашата професија во оваа земја. Секогаш и секогаш ќе бараме од нив да бидат безбедни“, рече претседателот на комората Р. В. Асокан.
Во штрајкот се очекува да учествуваат повеќе од милион лекари и друг медицински персонал.
Фото: EPA
