Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОКАЖУВАЊЕ: САД и Русија трупаат воен арсенал околу Украина

ДОКАЖУВАЊЕ: САД и Русија трупаат воен арсенал околу Украина
Првите шест од вкупно 12 американски воени авиони Ф-16 што ќе бидат распоредени во Полска пристигнаа денеска во воената база во Луск. Нивното распоредување е на барање на полската Влада, која заради ситуацијата во соседна Украина побара распоредување на американски военозодухопловни сили. Покрај воените авиони Ф-16 во Полска ќе бидат распоредени и транспортни авиони и 300 американски војници. Претходно, НАТО испрати и авиони за набљудување Авакс во Полска и во Романија, кои секојдневно изведуваат летови со кои од далеку ја снимаат ситуацијата во Украина. Но, и Русите не остануваат должни. Москва потврди дека во Белорусија денеска испратила шест воени авиони СУ-27 и три транспортни авиони. И руските власти се повикуваат на барање кое до нив го испратила Владата во Минск, која побарала зајакнато руско воено присуство за да ја зголеми контролата на белорускиот воздушен простор. „Екипажот на руските воени авиони ќе извршува заеднички задачи со белоруските колеги, во функција на воздушно извидување, но и заштита и одбрана на воздушниот простор“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Слично

Поврзани вести