Дојче банка под лупа на германскиот финансиски регулатор – ги местела цените на златото и среброто
Финансиската надзорна агенција од Германија минатите неколку месеци спроведе повеќе инспекциски контроли во Дојче банка и изврши неколку разговори со службениците, велат извори запознаени со состојбата, пренесува „Фајненшал тајмс“.
Германскиот финансиски регулатор побарал документи од Дојче банка, поради истрагата за можно манипулирање на цените со злато и сребро.
Дојче банка е една од петте банки, кои што дневно два пати ја одредуваат цената на злато на Лондонската берза, како и една од трите банки кои што ја одредуваат цената на сребро.
Слично
