„Дојче бан“ престана со собраќање на возовите од Австрија и Унгарија до 4-ти Октомври
Германскиот железнички оператор „Дојче бан“ престана со собраќање на возовите од Австрија и Унгарија до 4 октомври, повикувајќи се на граничната контрола, воведена за да биде совладан рекордниот прилив на имигранти, објавија локалните медиуми.
Железничката врска помеѓу Австрија и Германија, која десетици илјади имигранти ја користеа пред да биде затворена минатата недела од страна на германските власти, ќе остане затворена до 4 октомври по наредба на германските власти, истакна портпаролката на австриската железничката компанија „OeBB“.
Германија ја затвори железничката врска со австрискиот град Салцбург во средата во обид да го запре протокот на имигранти, но многу од нив најдоа друг начин да влезат на германска територија.
„Како резултат на административните мерки (гранична контрола) правците на долгите растојанија на „Дојче бан“ ќе бидат запрени, првично до 4 октомври помеѓу Минхен, од една страна, и Салцбург и Будимпешта, од друга“, се наведува во соопштението на „Дојче бан“.
„Нема да има замена на услуги за возовите“, изјавил портпаролот на австриските железници и додал дека клиентите кои сакаат да патуваат од Салцбург до Минхен треба да земат автобус или такси до германското гратче Фраиласинг.
Возовите од и до Инсбрук, Брегенц и Цирих ќе се движат по вообичаениот распоред.
Овие мерки беа преземени откако австриските власти објавија дека речиси 10 илјади имигранти пристигнале во Никелсдорф на австриско-унгарската граница во понеделникот.
