ДОГОВОР: Кој ќе смени „дизелаш“ добива 2.000 евра
Добринт рекол дека произведувачите „во наредните месеци“ ќе опремат околу 5,3 милиони возила со нов софтвер со цел да се намали емисијата на азот-оксид за 25 до 30 отсто.
Тој исто така рекол и дека произведувачите се согласиле да им дадат поттик на возачите поретходно да ги заменат старите возила, а дека владата дополнително ќе вложи околу 250 милиони евра во модернизација на градските превози.
BMW соопшти дека сопствениците на дизел возила регистрирани пред 2009 година ќе понудат „еколошки бонус“ до 2000 евра ако го заменат старото дизел возило со нов електричен или хибриден модел или дизел возило кое ги задоволува сегашните стандарди.
На „дизел самитот“ во средата се собрале водечките министри и претставници на сојузни држави како и шефови на VW, Порше, Ауди, Мерцедес, БМВ, Опел и Форд, покрај загриженост поради можната забрана на стари дизел возила во некои градови како и прашања дали дизел технологијата воопшто има иднина.
VW се наоѓа под лупа откако пред две години призна дека во возилата ставал софтвер кој мамел тестови на емисија за штетни гасови.
