ДОГОВОР: Кина и Британија градат нуклеарка
Кина и Велика Британија се договориле заедно да изградат нуклеарна електрана во Британија, која би требало да почне да работи од 2025 година.
Кинескиот премиер Си Џинпинг престојува во четиридневна посета на Велика Британија, во текот на која се очекува да се потпишат договори во износ од дури 30 милијарди фунти,
Еден од нив е и проектот за изградба на нуклеарна електрана во Хинкли Поинт во Сомерсет, а Кина би требало да финансира 30 одсто од вредноста.
Нуклеарката би требало да ја градо француската енергетска компанија ЕДФ, заедно со конзорциумот кој го предводи кинеската државна нуклеарна компанија ЦГН.
Дел од договорот со Кина би можеле да бидат и други две електрани-Сајзвел во Сафолку и Брадвел во Есекс.
Новата нуклеарна електрана ќ биде изградена покрај два постоечки објекти во Хинкли Поинт.
