Доделени почесните титули на британската кралица
На листата добитници на почесна титула кои ги доделува британската кралица Елизабета Втора, по повод Новата Година, се најдоа британските глумци Кристин Скот Томас, Џоан Колинс и Џон Херт.
На објавената листа која вечерва беше истакната се најдоа 1.164 лица кои биле предложени од здруженијата на граѓани и британската влада. Покрај личности од светот на уметноста, спортот и политиката, почесна титула добиле и лица кои не и се познати на пошироката јавност.
Меѓу оние на кои им е доделена титулата е и авторот на овогодинешната инсталација составена од 888.246 црвени керамички афиони во знак на сеќавање на борците кои паднале како жртви во Првата светска војна.
Признание и е доделено и на жената која прва ја креирала мини сукњата, 80 годишната Мери Кант.
Кралицата, два пати во годината, доделува почесни титули, за Нова година и за својот роденден кој Британците официјално го слават во јуни.
Слично
