Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОДЕЛЕНA НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА НА ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ! За нивниот напредок во проучувањето на динамиката на електроните

ДОДЕЛЕНA НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА НА ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ! За нивниот напредок во проучувањето на динамиката на електроните

Нобеловата награда за физика ја добија Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л'Хуилје за истражување на електроните во блесоци на светлина објави Си-Ен-Ен.

Нобеловата награда за физика за 2023 година им беше доделена на Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л'Хуилје за создавање на „блесоци на светлина кои се доволно кратки за да направат снимки од екстремно брзите движења на електроните“, објави Кралската шведска академија на науките во Стокхолм. 

Електроните се движат толку брзо што нивните движења претходно се сметаше дека е невозможно да се следат.

Но, тројцата физичари „демонстрираа начин да се создадат екстремно кратки импулси на светлина што може да се користат за мерење на брзите процеси во кои електроните се движат или менуваат енергија“, рече Комитетот.

Ги пофали лауреатите што му дадоа на „човештвото нови алатки за истражување на светот на електроните во атомите и молекулите“.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести