Додека во Париз имаше масакар, во Либија е убиен еден од лидерите на Исламска држава.
Додека во Париз се одвиваше невидено крвопролевање во режија на најмалку осум напаѓачи на неколку локации, Американците изведувале воздушни интервенции во Либија.
Пентагон потврди дека е нанесен успешен удар против водач на „Исламска држава“ во Либија. Станува збор за Абу Набил или Висам Надим Абд ал Заиди Зубајда, државјанин на Ирак, пред тоа активен член на Ал Каеда.„На 13 ноември авиони на американските воздухопловни сили нанеле удри врз штабот на старешините на терористите во Либија“, соопшти прес секретарот на Пентагон, Питер Кук.
Според податоците на американското разузнавање, токму на Абу Набил е гласот на снимката од почетокот на годината, во која се прикажува убиството на група египетски христијани.
Нападот на американските авиони F-15 е извршен во либискиот град Дерна, а веројатноста дека терористот е убиен е „многу голема“.
Слично
