Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека ураганот ја разорува Флорида, група момчиња се капат во збеснатиот океан (ВИДЕО)

Додека ураганот ја разорува Флорида, група момчиња се капат во збеснатиот океан (ВИДЕО)

И додека жителите на Флорида бегаа на сигурно од ураганот Ијан, брановите високи два метри и ветровите кои дуваа со брзина од 177 километри на час, група момци решија да пливаат во бесниот океан.

На социјалните мрежи вирална стана снимка од тројца млади мажи кои ги ризикуваат своите животи за да пливаат во океанот во близина на плажата на крајбрежниот град Форт Мајерс.


Видеото предизвика многу негативни коментари, бидејќи според корисниците на социјалните мрежи, промовира небезбедно однесување, бидејќи според проценките, во моментот на неговото создавање брановите достигнале висина од два метри.

Да потсетиме дека ураганот Ијан ја опустоши Флорида и предизвика катастрофални поплави кои предизвикаа огромни материјални штети, како и прекини на струја во поголемиот дел од земјата.

Речиси два милиони домови во Флорида останаа без струја. Во текот на целата ноќ, само неколку згради, кои имаат генератор, можеа да функционираат и оддалеку нормално, а до раните утрински часови се слушаше свиреж и пороен дожд.

Во некои делови на Флорида, улиците беа целосно под вода, а автомобилите беа однесени од поројот.


Фото: Твитер Screenshot

Слично

Поврзани вести