Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека Трамп бил во Белата куќа, вооружен маж пукаше во близина

Додека Трамп бил во Белата куќа, вооружен маж пукаше во близина

Напаѓачот на возраст од 21 година кој пукаше во близина на Белата куќа е починат во болница откако во него пукаа агентите на Тајната служба на Соединетите Американски Држави(САД). Според американските медиуми, напаѓачот е идентификуван како Насир Бест, лице кое претходно било познато на безбедносните служби и имало документирана историја на ментални здравствени проблеми.

Инцидентот се случил во саботата вечерта, на раскрсницата меѓу 17-та улица и авенијата Пенсилванија, во близина на зградата на Извршната канцеларија Ајзенхауер, која е дел од комплексот на Белата куќа. Тајната служба соопшти дека напаѓачот извадил пиштол од торба и почнал да пука непосредно пред 18 часот по локално време. 

Во инцидентот е ранет и еден случаен минувач, но засега нема детали за неговата состојба. Ниту еден припадник на безбедносните служби не е повреден. Истрагата е во тек, а неколку улици околу Белата куќа останале затворени поради безбедносни причини.

Извори за CBS News наведуваат дека Насир Бест бил познат и на Тајната служба и на градската полиција во Вашингтон. Според истите извори, во јули 2025 година тој се обидел да влезе во Белата куќа, по што бил уапсен во близина на објектот и подоцна бил задржан на психијатриско лекување. Наводно, во последните 18 месеци живеел во Вашингтон.

Во моментот на пукањето, американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓал во Белата куќа. Тој засега не се огласил за инцидентот, но од Белата куќа потврдија дека бил информиран веднаш по настанот.


Тајната служба на САД соопшти дека случајот останува под истрага. Се анализираат сите околности, вклучително и бројот на истрели, според првични информации биле испукани меѓу 10 и 20 куршуми. 

Вооружен маж на почетокот на месецов исто така пукаше во близина на Белата куќа. 

Слично

Поврзани вести