Додека трае војната Украина не може да влезе во НАТО
Eврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон изјави дека Украина не може да се зачлени во НАТО додека траат судирите во земјата.
Тој ја опиша ситуацијата како „политички демарш“ и рече дека барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски е симболично.
„Украинскиот претседател Володимир Зеленски праша за членство во НАТО, но веќе знаете дека држава, за влез во Алијансата, не смее да биде во војна. Украина е во војна и евидентно е дека такво нешто е невозможно“, изјави Бретон за телевизија БФМ.
Зеленски кон крајот на минатиот месец потпиша барање за членство на Украина во НАТО по брза постапка. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг одби да одговори директно дали НАТО ќе го поддржи барањето на Украина. Има земји кои даваат поддршка за прием на Украина во НАТО, но Бугарија не се согласува со тоа, но ни Словенија. Откако почна војната во Украина, Зеленски побара прием на Украина во Европската Унија(ЕУ).
