Додека трае полицискиот час имаше нови експлозии во Киев
Нови експлозии oдекнаа во украинскиот главен град Киев.
Градот е под 35-часовен полициски час. Една од експлозиите била толку силна што ги активирала алармите на автомобилите во центарот на градот, објави Си Ен Ен.
Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека украинската воздушна одбрана ангажирала и уништила руска ракета, а остатоците од проектилот паднале во реката Дњепар.
„Утре нема да работат продавници, аптеки, бензински пумпи, институции. Затоа, ги молам сите да останат дома или во засолништа. Само оние со посебни дозволи ќе можат да се движат низ градот“, изјави вчера градоначалникот Виталиј Кличко.
Кличко денеска преку видео врска разговараше со повеќе градоначалници на европски градови. Тој рече дека Русија му се заканува на целиот цивилизиран свет.
