ДОДЕКА СИТЕ МИСЛАТ НА ВОЈНАТА - ПУТИН ПРАЌА ПОДАРОЦИ, Берлускони доби пакет од рускиот претседател, па му врати во слична мера
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, за италијанските медиуми кажал дека Владимир Путин му подарил 20 шишиња вотка за неговиот роденден, откако „повторно воспоставил односи со рускиот претседател“.
Берлускони наполни 86 години на 29 септември, четири дена откако на општите избори победи коалицијата во која беше вклучена и неговата партија Форца Италија.
Берлускони се смета за стар пријател на Путин, а како што пишуваат италијанските медиуми, на состанокот на парламентарците на Силите на Италија во Рим наводно рекол дека добил „многу слатко писмо“ од рускиот претседател заедно со пратката со вотка, пренесува „Мондо“.
Се посочува дека ниту Берлускони не останал само на добиената пратка, туку дека му вратил на својот пријател во слична мера, и дека му испратил на Путин шишиња вино.
Од неговата партија не сакале да дадат коментари на ваквите изјав и пишувања, но аудио снимката објавена од новинската агенција Ла Пресе сугерира поинаку. Во аудио снимката што ја објави агенцијата, Берлускони рече дека му возвратил на гестот на Путин испраќајќи му шишиња вино Ламбруско.
„Руските министри постојано рекоа дека сме во војна со нив затоа што ја снабдуваме Украина со оружје и ресурси. Многу сум загрижен. Донекаде воспоставив односи со претседателот Путин. Го познавав како мирна и разумна личност“, рече Берлускони во видеото.
Берлускони и претходно јавно ја осуди војната, и го бранеше Путин на телевизија
Берлускони јавно ја осуди војната, на само неколку дена пред изборите за италијанската ТВ емисија Порта а Порта изјави дека Путин бил турнат во инвазијата од Русите и министрите кои сакале да ја заменат администрацијата на Володимир Зеленски со „пристојни луѓе“.
„Руското население, неговата партија и неговите министри го принудија Путин да ја измисли оваа специјална операција. Војниците требаше да влезат, да пристигнат во Киев за една недела, да ја заменат владата на Зеленски со пристојни луѓе и потоа да си заминат. Наместо тоа, тие наидоа на отпор, кој беше хранет со оружје од секаков вид од Запад“, изјави Берлускони за емисијата „Порта а Порта“.
Фото: EPA/ Yuri_Kochetkov
