ДОДЕКА СЕ ВО УКРАИНСКИОТ ВОЗДУШЕН ПРОСТОР: Полска размислува за соборување руски ракети над Украина
Полска размислува за соборување руски ракети над Украина.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека Варшава го разгледува предлогот на Киев за соборување на руски ракети кои се упатени кон Полска територија додека тие се во украинскиот воздушен простор.
Како што пренесува Би-Би-Си, предлогот е вклучен во договорот за заедничка одбрана меѓу двете држави потпишан за време на посетата на претседателот Володимир Зеленски на Варшава на почетокот на неделава.
„Во оваа фаза, ова е идеја. Она што го вели нашиот договор е дека ќе ја истражиме оваа идеја“, рече Сикорски за американскиот институт за претпријатија во Вашингтон.
Тој изјави дека некои руски проектили истрелани од областа Санкт Петербург кон украинските цели во близина на западниот град Лавов, недалеку од полската граница, ја преминале Белорусија и влегле во полскиот воздушен простор околу 40 секунди пред да продолжат кон нивните цели во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
foto Ahmetmukara/Wikimedia
